КОИ СМЕ НИЕ!

Во изминатиот период АДВИСЕНТ има имплементирано повеќе самостојни еколошки проекти во Македонија, но и успешно реализирани проекти во соработка со други компании од Македонија.
Некои од проектите беа поддржани од меѓународната организација - ГТЗ (Германското друштво за техничка соработка), ЕУ финансирани проекти, Министерството за животна средина и просторно планирање, УНДП, како и повеќе приватни субјекти.
АДВИСЕНТ активно учествуваше во развојот на законодавството за животната средина, проценка на институционални капацитети за спроведување на релевантното законодавство во областа на животната средина, планирање и развој на институциите во областа на животната средина , оцена на влијанието врз животната средина на проекти и стратешка оценка на влијанието на плановите, развој на политики и економски проценки во животната средина, едукации и обуки, работилници за подигнување на јавната свест од областа на животната средина, итн.
- АДВИСЕНТ заедно со својот тим има воспоставено одлична соработка со клучните чинители во Македонија поврзани со областа на заштита на животната средина и енергетската ефикасност, како и со многу меѓународни организации од регионот и од Европа
Преглед на нашите главни активности

Проект Менаџмент
Раководење на проекти финансирани од странски донатори. За повеќе информации контактирајте не.

Логистика
Организација на најразлични семинари, работилници, тренинзи и обуки, конференции, пресконференции, преводи и најразлични други јавни настани.

Изработка на
проектни апликации
Изработуваме проектни апликации за сите достапни фондови за Македонија (ИПА, ИПАРД, Europe Aid)

Услуги
1. Изработка на елаборати за заштита на животна средина 2. Изработка на студии за оцена на влијание врз животната средина. [Повеќе]

Организација на тренинзи
Организираме најразлични тренинзи поврзани со животна средина, климатски промени и енергетика (Управител со отпад, Енергетски менаџмент во индустрија). [Повеќе]